По Виена, Линц и Филах, македонскиот православен духовен печат во Австрија стигнува и до Салцбург. Пред македонските православни верници во Австрија е уште еден голем и историски ден.
На 19 септември 2026 година, по повод големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, во Салцбург за првпат ќе биде отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија на Македонската православна црква Охридска Архиепископија.
Овој настан не е само уште едно црковно собрание, ова е ден кој ќе остане запишан во историјата на македонското православие во Австрија.
Со благослов на Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, македонските православни верници во Салцбург добиваат македонска Црковна Општина и стануваат дел од Европската епархија на МПЦ-ОА.
Четири градови.
Една Црква. Еден народ. Една вера. Едно македонско духовно семејство.
Со Светата Архиерејска Божествена Литургија ќе ја чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен.
Овој историски чин претставува нов почеток за македонските православни верници од Салцбург и околината место каде што верата, традицијата, јазикот и македонската духовна припадност ќе продолжат да се пренесуваат на идните генерации. Затоа, Почитувани Македонци, да бидеме заедно на овој голем ден! Да се собереме во што поголем број и заеднички да го одбележиме моментот кога македонското православно семејство во Австрија повторно расте.
Сабота, 19 септември 2026 горина
Почеток: 09:00 часот
Адреса: Zechnerstraße 3, 5400 Hallein
