• kabinet@mpee.mk
Banner

Символи на верата

Символи на верата

               СИМВОЛ НА ВЕРАТА

Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител,Творец на Небото и на земјата,насèвидливоиневидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роденод Отецот  пред сите векови;

Светлина од Светлината,вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот,преку Кого сè станало;

Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се воплоти
од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;

И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;

И воскресна во третиот ден,според Писмото;

И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;

И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;

И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори,Кој исходи од  Отецот,
на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот,и Кој говорел преку пророците;

Во едната, света, соборна и апостолска Црква;

Исповедувам едно крштение,за простување на гревовите;

Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век.  АМИН!



ОЧЕ НАШ, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не воведувај не’ во искушение, но избави не’ од лукавиот. Амин.


               ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ

1. Јас сум Господ Бог твој, кој те изведе од Египет, немој да имаш други богови освен Мене.
2. Не прави идоли или слики; не им се поклонувај и не им служи.
3. Не го изговарај напразно името на Бога.
4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа твојот Бог.
5. Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата.
6. Не убивај.
7. Не прави прељуба.
8. Не кради.
9. Не сведочи лажно против својот ближен (не лажи).
10. Не пожелувај ништо што е туѓо. 


                           БЛАЖЕНСТВАТА

Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!

Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!

Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!

Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помиловани!

Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!

Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!

Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!

Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене!

Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата! (Мт.5,3-12)


    ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ХРИСТОВИ ЗАПОВЕДИ

1. Возљуби го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли. (Лука 10, 27)

2. Возљуби го својот ближен како себеси. (Матеј 22)

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец