• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

За Исповедта


Исповедта е најдлабока потреба на секој човек.

Затоа и во секојдневниот живот луѓето често ги кажуваат своите „тежини“ на своите блиски, но тоа не е исто. Човек не може да биде спасен од обичен човек.

Раната треба да се отвори од искусен лекар, да се очисти од гнојот, да се лекува и да се исцели. Така и исповедта. Исповедта направена преку духовниот отец е Света Тајна и како таква е наше отворање кон Бога. Наше барање помош и прифаќање на Божјата интервенција во нашиот живот преку словото (советите), молитвите и благословот на духовниот отец. Гревовите не смееме свесно да ги прикриваме, да се самооправдуваме, или да ги прикажуваме поблаго. Од таква исповед нема никаква полза.

Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно.

За сите проблеми во духовниот живот, пак, треба да се советуваме со нашиот свештеник, а не да посетуваме бајачи и гледачи, бидејќи тоа е голем грев, со кој си нанесуваме огромна духовна штета, а создаваме и можност за душевно заболување. Нема никаква заедница помеѓу светлината и темнината.

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец