• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Синодот на МПЦ-ОА повикува на смиреност и почитување на препораките од министерството за здравство

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), повикува на почитување на мерките пропишани од страна на надлежното ресорно министерство за здравство како и на Светската здравствена организација, откако почна масовното ширење на коронавирусот Covid-19 и беше прогласена пандемија.

-Во оваа смисла апелираме во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ – ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената, стои во соопштението на САС на МПЦ-ОА.

-Повикуваме на сострадална љубов и изразување добродетелност на сите оние кои ќе се најдат во борба со оваа болест, најпрво молитвено застапувајќи се пред Бога за нивното здравје и покажувајќи секаква друга можна грижа. Надевајќи се на Животодавецот Христос, МПЦ – ОА ја чува вековната вера во светоста на тајните на црквата и својот древен, но секогаш актуелен еклисиолошки став за Лекот на бесмртноста – Св. Причест. Истовремено потсетуваме дека треба да бидеме силно посветени на борбата со причинителот на болестите и страдањата – отуѓеноста од Бога. Нашата вера е вера во Воскреснатиот Христос, победителот на распадливоста и смртта и Лекарот на нашите души и тела, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец