• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Европско Годишно Собрание 2019

Европско Годишно Собрание 2019 г.  во периодот од 17.05.2019 - 19.05.2019 г. во Пјаченца/Италија се оддржа редовното годишно собрание на Европската Епархија. 

На 17.05.2019г. петок, во текот на попладневните часови, од сите страни на Европа стигнуваа свештеници и делегати, кои љубезно беа пречекувани и сместувани од вредните домаќини. Беше организирана заедничка вечера, и потоа работните органи и комисии преминаа во извршување на своите работни задачи. Останатите се дружеа и запознаваа меѓу себе. Наредниот ден, надлежниот Митрополит на Европската епархија г. Пимен во сослужение на Митрополитот Полјански г.Јаков и многубројното свештенство од Европската епархија богослужеа света литургија во храмот „Св.Прохор Пчињски“ Пјаченца/Италија. 

Многуброен верен народ присуствуваше на св. Литургија и беа сведоци на еден редок настан ,ваква соборна Литургија во која се гледа љубовта и единството во Европската Епархија. Истиот ден по литургијата започна и годишното собрание на Европската епархија на кое освен свештенството на епархијата присуствуваа и делегати од секоја црковна општина во епархијата. Собранието обилуваше со многу дискусии, коментари, со мудри одлуки и пред се во пријатно-работно расположение.

На крајот од собранието беше донесена одлука наредната 2020г. собранието да се оддржи во Копер/Словенија.

,

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец