🇸🇮🇲🇰🇪🇺
Возљубени во Христа!
Драги браќа и сестри,
по повод споменот на Свети Климент Охридски, надлежниот Архиереј на Европската епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополит европски г-дин Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г-дин Иларион, ќе сослужуваат на заедничка литургија во,
⛪️ МПЦО „Свети Климент Охридски“ - Љубљана/Словенија🇸🇮
† Сабота, 07.12.2024 год.
✝️Архиерејска Вечерна Богослужба со почеток од 18:30 часот, со која ќе чиноначалствува Митрополитот наш г.Пимен.
▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️
† Недела, 08.12.2024 год.
✞ Свети Климент архиепископ Охридски
Празнувањето ќе започне од 10:15 часот, со пречек на Архиереите на мпц, превземање и свечено внесување во Црквата на Светите Мошти од Светиот Гаврил Велички, полагање на приготвениот одар.
✝️ Света Архиерејска Литургија со почеток во 10:30 часот, ќе чиноначалствуваат Митрополит Европски г.Пимен и Митрополит Брегалнички г. Иларион во сослужение со повеќе свештеници од Европската Епархија.
•По Богослужбата ќе биде благословен и поделен СЛАВСКИОТ КОЛАЧ и ручекот за сите присутни подготвен од овогодинешните кумовите.
- На овој радосен и историски ден, кога црковната општина во Љубљана ќе добие Дар од непроценлива вредност, ќе присустуваат и повеќе гости од Државната и Црковна власт, браќа и сестри од сестринските Црковни Општини во Словенија и пошироко.
Да Му благодариме на Бога, та преку застапништвото на Свети Климент и Светиот Гаврил Велички , да дарува секому според потребите ...
За многу години!
✞ Христос помеѓу нас! ✞
December 05, 2024
by Example Super-Admin User