Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен како претставник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија присуствуваше на интронизацијата на Римскиот Папа Лав XIV, на 18 мај 2025 година, во Ватикан.
Утредента по Интронизацијата, на 19 мај, Митрополитот Пимен присуствуваше на официјален прием во Апостолската палата, којшто папата го организираше за членовите на делегациите на сите Православни помесни Цркви и на Ориенталните цркви.