• kabinet@mpee.mk
Banner

Европската епархија доби нов ипоѓакон во Копер - Словенија

Блаже Атанасов од македонската црковна општина во Копар е новиот ипоѓакон на Европската епархија. Го произведе Митрополитот Пимен на денешната литургија.

Верници од Словенија се собраа на литургијата што ја служеше Пимен во црквата „Богојавление – Водици “ во Копар, Словенија.

-Во атмосфера исполнета со духовна радост, Митрополитот г. Пимен благоволи да го произведе во чин ипоѓакон досегашниот чтец, нашиот брат во Христа Блаже Атанасов. На овој благословен чин целиот верен народ возврати со радосниот возглас:
          Достоен! Достоен! Достоен!

 

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец