• kabinet@mpee.mk
Banner

ЕПАРХИСКО СОБРАНИЕ '25 - Порденоне, Италија

Порденоне, градче на северот од Венеција во Италија беше местото каде година се собраа свештениците и делегатите на Европската епархија на МПЦ-ОА за годинешното епархиско соборание. Два дена од 16 до 18 мај, православниот дух на македонската дијаспора од Европа беше највчетливиот момент за овој мирен, историски богат и архитектонски впечатлив италијански град.
Свечениот и работниот дел на Епархиското собрание на 24-тото редовно годишно Епархиско собрание на Европската епархија го отвори надлежниот Митрополит Пимен, а гости од Македонија беа Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Фросина Ременски, генерален конзул на Република Македонија и Горан Анѓелов, директор на Агенцијата за иселеници.


- Богат е човекот што има вакво свештенство, вакви делегати и ваков верен народ. Нека ни бидат поттик и стимул и за нас, свештенството, и за вас, верниот народ – да ја чуваме и пренесуваме живата, света Македонска православна вера низ цела Европа, иако сме далеку од родното огниште, рече Владиката Пимен.


Европската епархија на МПЦ-ОА изминативе години има најбрзорастечки прогрес во сите аспекти на црковното живеење. Делегатите од цела Европа, кои беа гости, во број над 140 луѓе, сведочат за сериозната црковна организација на македонската дијаспора во Европа


- Заедништвото, љубовта и слогата беа видливи во секој момент од работата на Собранието. Делегатите, и покрај предизвиците, со поддршка од своите духовни водачи – парохиските свештеници, покажаа искрена посветеност за добро на своите црковни општини и за зацврстување на духовниот живот на Македонците во дијаспората.


На ова епархиско собрание, каде јасно се препознаваше големата енерхија на европската македонска дијаспора за развој на оваа епархија на МПЦ-ОА. Или како што вели владиката Пимен и радосно и тажно е што оваа Епархија расте секојдневно. Радосно заради црковвната организираност на дијаспората, тажно заради секојдневното ислелување од Македонија.


На работниот дел од Собранието, кој траеше речиси пет часа со активно учество на сите делегати, беа разгледани и анализирани состојбите во Епархијата за изминатата 2024 година, како и реализацијата на планираните активности. Дискусиите опфатија широк спектар на теми – пастирски, мисионерски и административни – при што беа донесени и насоки за дејствување во наредниот период.


Како заокружување на ова епархиско собрание беше заедничката литургија во МПЦО „Собор на сите македонски светители“ во Порденоне, Италија, објект кој МПЦ-ОА го користи како измајмен простор, иако кај македонските верници тлее жеблата за изградба на своја црква. Од доаѓањето на владиката Пимен на чело на Европската епархија, таа денес брои 24 свештеници и 42 црковни општини во 14 европски држави.


Особена радост за верниците од Порденоне беше фактот што за време на литургијата, во чин чтец беше произведен Љубе од истоимената општина, a во чин ипоѓакон беше ракопроизведен и Душко Героски од МПЦО „Св. Наум Охридски“ од Виена.


Заеднички заклучок беше дека домаќинството на овој собир од страна на МПЦО Порденоне е доказ за посветеноста и ангажманот на македонските верници во Италија, кои со љубов ја негуваат православната вера и македонскиот духовен идентитет.

МПЦО „Собор на сите македонски светители“- Порденоне, Италија

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец