Годишно епархиско собрание на Европска Епархија '25
Од 16 до 18 мај 2025 година во Македонската Православна Црковна Општина „Собор на сите македонски светители“ од Порденоне/Италија ќе се одржи 24-тото редовното годишно епархиско собрание на Европската епархија.
По тој повод срдечно Ве покануваме да и вие присуствувате во сабота, 17 Мај на Света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува надлежниот Архиереј на Европската Епархија неговото високопреосвештенство Митрополитот г-дин Пимен со свештениците од Европската Епархија.
† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец