• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Соопштение од Вселенската патријаршија за Covid-19 (корона вирус)

28 февруари/12 март 2020 лето Господово

Извор: Вселенска патријаршија

Светиот и свештен синод на Вселенската патријаршија заседаваше под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј и исцрпно ги испита, помеѓу другoтo, информациите во врска со вирусот Covid-19 (корона вирус), та со чувство за пастирска одговорност го забележа следново:

  1. И покрај сериозноста на состојбата, се препорачува разумност, трпение и избегнување на јавна паника;
  2. Нашата Црква ја почитувала и ја почитува медицинската наука. Затоа таа ги поттикнува сите верници да се усогласуваат со здравствените препораки, како на Светската здравствена организација, така и со соодветните упатства и законски одредби на поединечните држави;
  3. Вселенската патријаршија ја изразува својата благодарност кон сите што работат со самопожртвуваност во секој оддел на здравството, медицината, болничарството и истражувањето, заради соочување и лекување на оваа нова пандемија;
  4. Великата Христова Црква од својот двеилјадигодишен опит знае дека Божествената Причест е „противотров за смртта“ и останува цврсто на досегашното православно учење за светата Причест;
  5. Јасно е дека верата во Бога, како надминување, а не укинување на човечката логика, како и молитвата, ја засилуваат духовната борба на Христијанинот. Затоа, Мајката Црква во Константинопол ги поттикнува сите свои духовни чеда во светот да ги засилат своите молитви, та со Божја помош и просвештение да се надмине ова современо искушение.

11 март 2020

Од Секретаријатот
на Светиот и свештен синод

,