ЕПАРХИСКО СОБРАНИЕ 2025
Порденоне, Италија
16 - 18 мај 2025
Драги браќа и сестри,
Со радост Ве известуваме дека од 16 до 18 мај 2025 година, во Македонската Православна Црковна Општина „Собор на сите македонски светители“ во Порденоне, Италија, ќе се одржи 24-тото редовно годишно епархиско собрание на Европската Епархија.

Воедно срдечно Ве покануваме да и Вие присуствувате на следните настани:
▪️Сабота, 17 мај во 09:00 ч.
✞ Света Архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Пимен, заедно со свештениците од Европската Епархија.
▪️Недела, 18 мај во 09:00 ч.
✞ Света Божествена Литургија (сослужуваат повеќе свештеници)
Да се собереме во заедничка молитва и духовно заедништво!
✞ ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!