• kabinet@mpee.mk
Banner

30 ГОДИНИ ЕВРОПСКА ЕПАРХИЈА

Во периодот од 01.11.2024 год. до 03.11.2024 год. во Македонската православна црковна општина „Св. Прохор Пчински и Св.Ап. Вартоломеј“ - Пјаченца Република Италија по повод одбележувањето на 30-годишнината од основањето на Европската епархија ќе се одржи Света Божествена Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува нашиот надлежен митрополит г. Пимен, во сослужение со митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и голем број на свештеници од европската епархија и од другите сестрински цркви.

Настанот ќе биде збогатен и со свечена прослава.

Во прилог ви го доставуваме распоредот на настани:

 

01.11.2024 * петок

➖ Света Божествена Архиерејска Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува нашиот надлежен митрополит г. Пимен , со почеток од 09.30 часот.

➖ Коктел

➖ 13.00 свечен славски ручек за сите присутни. Ручекот ќе биде во ресторантот - “il mordace “ via Dell’Artigianato 64 Piacenza!

 

02.11.2024 * сабота

➖ Света Божествена заупокоена Архиерејска Литургија со почеток од 09.30ч

➖ 18.30 Свечена прослава по повод 30 години Европска Епархија, која ќе се одржи во ресторантот “il mordace” • Свечено обраќање на надлежниот митрополит и официјалните гости • Вечера според определено мени • Прославата ќе биде пропратена со Македонска музика во живо

03.11.2024 * недела

➖ Света Божествена Архиерејска Литургија со почеток од 09.30ч На прославата ќе бидат присутни:

- повеќе Архиереји - владици, - голем број на свештеници од европската епархија и од другите сестрински цркви, - претставници од Агенцијата за иселеништво, - представници од парламентот на Република Македонија, - представници од нашите дипломатски претставништва, - представници од општината на град Пиаченца!

🙏Напомена: бидејќи бројот е ограничен сите оние кои се заинтересирани за прославата и вечерата ќе треба да се најават кај домаќините и ќе добијат повеќе информации!
 

Контакт: https://mpee.mk/category/pjacenca Фб: https://www.facebook.com/svprohorpcinski.piacenza

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец