• kabinet@mpee.mk
Banner

Годишно епархиско собрание на Е.Епархија

Годишно епархиско собрание на Е.Епархија


 Годишно епархиско собрание на Европска Епархија '24

Од 17 до 19 мај 2024 год. во Македонската Православна Црковна Општина „Свети Никола“ во Мајнц/Германија ќе се одржи 23-тото редовното годишно епархиско собрание на Европската епархија.

По тој повод срдечно Ве покануваме да и вие присуствувате во сабота, 18 Мај на Света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува надлежниот Архиереј на Европската Епархија неговото високопреосвештенство Митрополитот г-дин Пимен со свештениците од Европската Епархија.

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец