• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Вечниот Бог

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.

 

Видео спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на македонските поп ѕвезди, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм, Златните славејчиња и секако, екипата на Веста продукција која го сними и спакува овој прекрасен Божиќен видео спот.

Доживејте вистинска Божиќна радост, која ќе Ве натера да извикате ХРИСТОС СЕ РОДИ!

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец