• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Св. пр. Илија – Илинден во Лешок

На 02.08.2019 година, Св. пр. Илија – Илинден, преп.3 Пречистански нмч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со  Митрополитот Европски г. Пимен,  и свештеници од Тетовско-гостиварската и Европската епархија богослужеа Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беше отслужена панихида за сите паднати Илинденци и борци за слобода на Република Македонија.

,

† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат.
- Старец Пајсиј Светогорец