• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Прославен „св. Прохор Пчињски“ патронот на МПЦО во Пјаченца Р.Италија


На 1 ноември 2018г. по Хр., во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога Црквата го празнува споменот на светиот Прохор Пчињски, во истоимената црква во Пјаченца (Италијанска Република) Неговото Високопреосвештенство, европскиот Митрополит г. Пимен, во сослужение на отец Клемент и отец Михајло отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Кон литургиското собрание по повод храмовата слава притекнаа бројни верни чеда на Европската епархија на МПЦ-ОА од различни делови на Италија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По литургијата беше организиран и заеднички ручек за сите приситни.

За многу години!

✣ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС ✣

Фото: С.М.